Солзи радосници на лицето на тетка Биљана од Кисела Вода
Во заедничка хуманитарна акција, денес Панчо ДНК и градоначалникот на општина Кисела Вода ги разубавеа празничните денови на тетка Биљана од населбата 11.Октомври во Кисела Вода.
„Крајот на неделата да го завршиме со убави вести. 😊 По нашата објава за тетка Биљана и финансиската ситуација во која се наоѓа, на наше големо задоволство градоначалникот на општината Кисела Вода, Господинот Орце Ѓорѓиевски се приклучи на повикот / акцијата и обезбеди – донираше тоа што Тетка Биљана го побара од нас како најбитна работа, а тоа е: електричен шпорет и дрва за да може да ги истурка ладните денови кои допрва доаѓаат.
Секоја чест за Господинот Орце кој треба да е пример на сите останати градоначалници насекаде ширум државата како не треба да се забораваат оние сограѓани на кои навистина им треба помош.
И најбитно од се, да не го заборавиме мотото #СитеСмеИсти “ – напиша стои на ФБ профилот на ДНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопругата на Панчо за полуматурата на синот…
Андреја – синот на починатиот музичар Владимир…
Полициска акција во Скопје: За 8 часа…
Полицијата за 8 часа санкционирала 105 возачи…
(Видео) По една година гитаристот на ДНК…
итаристот на ДНК Горан Тонев, по една…
Ана Костадиновска: Уште одам по психијатри после…
Професорката Ана Костадиновска, која беше придружен вокал…
(Видео) Андреј денес ќе полнеше 44 години
На 9 февруари 1982 година во Скопје…