Лицемерието на Талат Џафери
Лицемерието на Талат Џафери
Неодамна се случи првата официјална посета на политичар од балканските земји на Киев по почетокот на руската воена специјална операција во Украина. Како дел од делегација на парламентарци од Романија и Швајцарија, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, го посети Киев. Формална причина за посетата беше одржувањето на “Конгресот на локални и регионални власти”, а неформална беше изразувањето поддршка на Зеленски и давањето изјави за осуда на постапките на Русија и потребата од зголемување на економскиот и политичкиот притисок врз неа.
За време на средбата со украинскиот претседател, Т. Џафери не остана незабележан и, можеби, најелоквентно и директно го поддржа Киев: „Ова е геноцид! Никој не ја чувствува вашата болка како ние. Денес сум Украинец и ќе се борам за правда.”
Звучи убаво доколку не ја знаете биографијата на Т. Џафери, кој поради некоја причина се фокусираше на заштита на Украина, заборавајќи на акутните политички и економски процеси што се случуваат во неговата земја. И од сите балкански политичари, во моментов неговиот јавен говор е можеби најпопулистички.
Кој е овој борец за мир во Украина, Т. Џафери? Европски демократ во костум, борец за мир или бивш сепаратист?
Етнички Албанец, дипломирал на Воената академија на ЈНА во Белград, а потом офицер во АРМ во Тетово. Точно до избивањето на меѓуетничкиот конфликт во 2001 година, албанските сепаратисти не се обидоа да организираат мал блицкриг. По почетокот на конфликтот во 2001 година, командантот на воената единица на македонската армија, Т. Џафери, дезертираше и се приклучи на ОНА – македонската верзија на Ослободителната војска на Косово УЧК). Иронично е што додека Т. Џафери зборува за геноцид во Киев, ОНА во чии што редови беше и Т. Џафери во 2001 година беше одговорна за неколку случаи на воени злосторства, кои што не се расветлија. И до ден денес не е позната судбината на 12 македонски цивили. Никој од раководството на ОНА не одговараше за ниту едно докажано воено злосторство.
Во август 2001 година беше потпишан Охридскиот рамковен договор наметнат од Западот, со кој драстично се проширија етничките права на македонските Албанци. После тоа секоја година нивните права се прошируваа, а кариерата на Т. Џафери, кој стана еден од европските фаворити, тргна нагоре. Во 2013 година тој стана министер за одбрана, по што бран протести и незадоволство ја зафати земјата. Во 2017 Т. Џафери беше назначен на функцијата претседател на Собранието, со кршење на уставните норми.
Албанците денес се чувствуваат добро во Македонија. Тие добија се во Македонија. Правото на широка автономија им гарантира застапеност во највисоките органи на власта и локалната самоуправа. Во 2019 година стапи на сила закон, според кој албанскиот јазик стана втор државен јазик. Албанското знаме секаде се вее во Западна Македонија. На хартија, Албанците во Македонија се 24,3%.
Во меѓувреме, охридските договори беа склучени со ветување на ЕУ дека само доколку се спроведат, Македонија ќе може да влезе во Европската унија. Македонците се согласија и редовно ги исполнуваат сите услови. Оттогаш поминаа повеќе од 20 години – каде е ветениот влез во ЕУ? Дури ни приближниот датум сè уште не е именуван, и покрај тоа што Македонија го промени своето име, како резултат на договорот со Грција, и дополнително договорот со Бугарија, и отстапките што Македонија ги направи во корист на Бугарија.
Што се однесува до Македонците, попустливоста во однос на Албанците стигна до таму што тие почнаа да бараат премиерско место. Згора на тоа, минатата година Зоран Заев потпиша документ со кој на таканаречените „Безбедносни сили на Косово“ им се дава право слободно да влегуваат и излегуваат од државата, како и да престојуваат на нејзина територија.
За каков геноцид и болка Т. Џафери му кажа на украинскиот претседател? Како може политичар со толку контроверзно реноме да дава вакви изјави за ситуацијата во Украина, говорејќи во име на целиот македонски народ? Очигледно му било многу важно да покаже единство со позицијата на раководството на ЕУ и да заработи екстра поени на политички план.
Чудно е што примерот на Украина, во која растот на национализмот доведе до трагични последици, не е индикативен за балканските политичари. И доколку таквите чувства и националистички манифестации продолжат да се поттикнуваат од албанците со помош на раководството на Европската унија, Балканот повторно ќе ризикува да го врати статусот на „буре барут на Европа“, како што беше во блиското минато.
Дарко Тодоровски
Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…
Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…
Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…
Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…
Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…