Лицемерие – ВМРО-ДПМНЕ промовира проект што самите го оцрнуваа и велеа дека е историски криминал!
Од СДСМ денеска се јавија со реакција за поставувањето на камен темелник за изградба на автопатот Тетово – Гостивар.
Тие велат дека ВМРО-ДПМНЕ става камен-темелник на проект на СДСМ, за кој велеа дека е „историски кримнал“
„Денешното ставање камен-темелник на делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 уште еднаш ја разоткрива целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ.
Токму проектот со „Бехтел и Енка“ што тие со месеци го оцрнуваа, го блокираа и го нарекуваа „историски криминал“, денес со гордост го промовираат.
Ако е „историски криминал“ дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминал?
Едно е јасно, лицемерието на ДПМНЕ нема граници, но сепак добро е што продолжува реализацијата на стратешки проект на СДСМ.
Подготвителните работи, вклучително геомеханички истражувања, проектирањето, усвојување на инфраструктурниот проект и обезбедување финансиски план за оваа делница од 17 километри, беа започнати токму во времето на претходната влада на СДСМ.
Делницата е дел од вкупно 110 километри што ги опфаќа стратешкиот договор со Бехтел и Енка за кој ВМРО-ДПМНЕ велеше дека е криминален.
Од пат со широчина од 17 метри, СДСМ ја предвиде и почна реализацијата на модерна автопатска делница широка 27 метри – вистински инфраструктурен напредок.
СДСМ инвестираше, градеше, ВМРО-ДПМНЕ кочеше. Но вистината секогаш излегува на виделина.
После 10 месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден свој инфраструктурен проект, единствено што прави е да ги доврши проектите на СДСМ“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…