Лишени од слобода пијани возачи од Битола и Прилеп
МВР информира дека доцна синоќа во 23:00 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Орде Чопела” во Прилеп, го лишија од слобода Х.Г.(31) од Прилеп.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Г., и при преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили.
Неколку часа подоцна, утринава во 03:48 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „4-ти Ноември” во Битола, го лишија од слобода Б.Ш.(22) од Битола.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ш., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.66 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода пијани возачи од Битола…
МВР информира дека доцна синоќа во 23:00…
Возач со кола влетал кон полицајци, избегал,…
Двајца млади охриѓани биле уапсени по драматичен…
Гостиварка „летала“ со 174 км на час…
МВР информира дека вчера попладне во 15:45…
Претрес во радовишко, пронајдена марихуана
Претрес во радовишко, пронајдена марихуана, лишени од…
Лишени од слобода возачи во Македонска Каменица…
Лишени од слобода возачи во Македонска Каменица…