Лишени од слобода возачи во Македонска Каменица и Кратово затоа што управувале возила под дејство на алкохол

t

Лишени од слобода возачи во Македонска Каменица и Кратово затоа што управувале возила под дејство на алкохол, додека возач од Куманово возел со брзина многу поголема од дозволеното

На 29.11.2025 година во 22:54 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Ј.(54) од Македонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал Д.Ј., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,00 промили алкохол во крвта.

На 30.11.2025 година во 01:59 часот, полициски службеници од СВР Куманово на ул. „Гоце Делчев“ во Кратово го лишија од слобода Д.К.(25) од Кратово. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Д.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,72 промили алкохол во крвта.

На 29.11.2025 во 14:10 часот, на регионалниот пат во с. Доброшане, кумановско полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.М.(45) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.М. управувал патничко возило „мицубиши“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 91 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 40 километри на час.

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник повреден при извршување работни задачи во…

Педесет и осумгодишен работник од Куманово бил…

Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…

На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…

Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац

Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…

Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…

Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…

Утре ќе нема струја до 14:30 часот…

Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…