Лишени од слобода четири возачи во виничко, Македонска Каменица, Пробиштип и Гевгелија, управувале возила под дејство на алкохол

t

На 07.01.2026 во 20:20 часот на локален пат во с.Блатец, виничко, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(43) од с.Блатец. Претходно, тој со патничко возило  „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта.

На 08.01.2026 во 01:42 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода В.Р.(19) од с.Саса, општина Македонска Каменица. При сообраќајна контрола на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициските службеници  сопреле патничко возило „фиат пунто“  со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,15 промили алкохол во крвта.

На 08.01.2026 во 02:11 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип  го лишија од слобода Д.Д.(49) од Пробиштип. При сообраќајна контрола на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип е сопрено патничко возило „фолксваген тигуан“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,74 промили алкохол во крвта.

На 08.01.2026 во 00:31 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишија од слобода 31-годишната П.К. од Богданци. При сообраќајна контрола на крстосница на бул.„Гевгелија“ со ул.Индустриска“ во Гевгелија е сопрено патничко возило „цитроен“  со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувала и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени низа пијани возачи низ Македонија

Ноќеска во 01:20 часот, полициски службеници од…

Состојбата со врнежите во моментот стабилна, ЦУК…

Состојбата со врнежи во земјава во моментот…

Деветмина возачи лишени од слобода, 540 санкционирани…

Во текот на вчерашниот ден (21.09.2025) како…

Пијани возачи од виничко, Куманово и Струмица…

На 30.08.2025 во 13:10 часот во Струмица,…

Трајно ќе им се одземаат возилата на…

Со новите измени на Законот за безбедност…