Пијани возачи од виничко, Куманово и Струмица предизвикале сообраќајни несреќи
На 30.08.2025 во 13:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.П.(52) од Струмица. Тој на булевар „Ленинова“ во Струмица, управувајќи патничко возило „пасат“ со струмички регистарски ознаки, учествувал во сообраќајна несреќа, а при увидот било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно дека имал 3,47 промили алкохол во крвта.
На 30.08.2025 на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.В. (45) од Куманово. При вршење на увид на сообраќајна несреќа во која учествувал М.В. со патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, било утврдено дека возилото го управувал со 1,99 промили алкохол во крвта.
На 30.08.2025 во 23:30 часот на ул. „Партизанска“ во Виница, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Х.С. (22) од с. Лески, Виница. При вршење на увид на сообраќајна несреќа во која учествувала Х.С. со патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, било утврдено дека возилото го управувала со 3,20 промили алкохол во крвта.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…
Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…
Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…
Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…
Загина возач, автомобилот се запалил по удар…
Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…
