Лишен од слобода 43 годишен родител на фудбалер, – физички нападнал двајца малолетни фудбалри на ФК „Брегалница“
Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа повредени двајца фудбалери на возраст од 15 години на ФК „Брегалница“.
– Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош, се вели во соопштението на МВР.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишен од слобода 43 годишен родител на…
Министерството за внатрешни работи информира дека е…
Лавров: Трамп и Путин воспоставија процес што…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Маж од Дебар возел со 171 километри…
Лишен од слобода возач од Дебар, управувал…
Трендафилов: Фрапантни 33,1 проценти од работниците примаат…
Фејсбук пост на Слободан Трендафилов СЛЕДНИОТ ПАТ…
Србија ги ограничува маржите на 20 отсто…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес најави…