Трендафилов: Фрапантни 33,1 проценти од работниците примаат плата под 500 евра
Фејсбук пост на Слободан Трендафилов
СЛЕДНИОТ ПАТ КОГА ЌЕ ЧЕКАШ ДРУГ ДА СЕ БОРИ ЗА ТВОЈАТА ПЛАТА ![]()
Треба да знаеш дека фрапантни 1/3 или 33,1% од работниците примаат плата под 500 евра.
Ние од ССМ се бориме за 169.082 работници да добијат 500 евра минална плата.
На последниот протест за 500 евра минимална плата имаше околу 7.000 луѓе со ССМ, но што прават останатите 160.000 работници и што чекаат е главното прашање.
Во Влада викаат дека само пет / шест луѓе од ССМ бараат зголемување на минималната плата, дека другите не бараат и дека од тоа произлегува дека не им треба зголемување на минималната плата и они за тоа не даваат, односно оние кои живеат добро (функционерите, политичарите, газдите и експертите) се против зголемување на минималната плата, односно, Владата и газдите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра, па како мислиш да се избориш да се зголеми :
1. Со протест / со штрајк
2. Без протест / без штрајк
3. Со помош на магија / верба во Владата и газдите
Тие имаат изговор да не дадат, но кој е изговорот на 169.082 работници да не бараат и зошто чекаат друг да се бори за нивната плата да се зголеми на 500 евра ?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Го прашаа Путин дали Русија ќе…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…
Поради невремето, наместо во Скопје авион од…
Авионот на компанијата „Еделвајс“ кој полета од…
Медведев: Неонацистите заслужуваат директен удар врз Берлин
Германската влада ја обвини Русија за обидот…
Нема решение за Газа без иселување на…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац повторно…
УХМР: Големо невреме во тиквешијата, а поројни…
Oд Управата јавуваат дека има нестабилно време…