Лога бил директор во време на Груевски, сега го бара назад како министер за правда

t

Новиот министер за правда Лога, повторно изјави дека ќе ќе доставел писмо за екстрадиција на Груевски ама ќе им кажел на Унгарците дека сме имале т.н. Хашки ќелии.


Демек во овие повеќе од четири години на неговите претходници, дел од нив и универзитетски професори по кривично право тоа не им паднало на памет, ама сега Лога ја откри Америка. И демек Унгарците низ овие години незнаат какви затворски капацитет има Македонија. А и да не знаат доволно е да го прочитаат неодамнешниот извештај на Стејт Дипартментот на УСД и да се изнасмеат на писмото на Лога. Нека им се јави Лога на Американците да им објасни за хашките ќелии. Напротив владата каде член е и Лога јавно го прифати извештајот како објективен и реален.

Но, уште поинтересно е што судот во Унгарија не одби извршување екстрадиција заради лошите затворски услови, туку затоа што Никола Груевски има добиено политички азил а согласно законите во Унгарија и секаде во Европската унија, законски е оневозможена екстрадиција на лица со азил, така што судот нема избор во носењето на одлуката, освен да ја одбие екстрадицијата.

Со обзир дека еднаш го направи истото и на самото рочиште обвинителот кажа пред медиумите дека е свесен дека со азил не може да се донесе одлука за екстрадиција, но дека мора формално да ја помине постапката на суд. Овој пат, бидејќи еднаш е помината, можно е воопшто и да нема рочиште.

Ќе биде интерсно да се чујат изјавите на Лога потоа. Ќе поминат 3-4 месеци по писмото, и Лога потоа ќе бара друг за виновник.
Кој ќе му биде крив кога владата заради неговите грешки ќе добие нова “корпа”?

Прашањето е дали некој од помошниците на Лога го носи кон нов пораз и него и владата, или Лога сака да покаже активност каква и да е, и со каков и да е исход, па макар и исход за кој однапред се знае дека ќе биде одбивање или не одговарање. Бидејќи се одговара на сериозни писма.

Или можеби логиката на Лога е демек тој пробал, ама ете лошите Унгарци не одговориле или го отфрлиле.

Ајде што во Македонија ќе се срами, туку тоа е срам и за земјата надвор особено во Унгарија кога се праќаат вакви недоквакани писма.

Инаку Лога во првата влада на Груевски со ДПА 2006-2008 бил заменик директор на Агенцијата за перење пари а сега е член на Алијанса на Албанците. По изборите во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ направи коалиција со многу побројната ДУИ која веќе беше блокирала 150 закони во парламентот заради бадентеровиот принцип но и со филибастер со цел да изнуди учество во власта. Денес Лога преку Алијансата на Албанците е во влада со ДУИ и СДСМ.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Судски совет: Министерот Лога е должен да…

„Министерот Лога е должен да го почитува…