Лога до Ковачки: Неспособен полковнику, Европски Фронт е тука како гаранција дека држава ќе се движи напред и е држава на сите граѓани
Министерот за правда и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Кренар Лога му возврати на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој го обвини дека поткупува гласачи во третата изборна единица.
„Ја примив Вашата порака. Го знам Вашиот интелектуален капацитет нереформиран кадар кој за среќа, во земја членка на НАТО нема преспектива и нема можност за добивање безбедносен сертификат, што за Ваша несреќа долгосонуваната позиција Министер за одбрана станува неостварлива.
Оваа закана чувајте ја за себе. Во исто време Ви благодарам што нè мотиварате дополнително. Овие бесмислици од минатиот век, народски речено, не држат вода кај нас. Ќе ме имате секој ден во секој дел на оваа заедничка држава. Мојата Македонија е побогата од Вашата. Европска Македонија е далеку поубава и поперспективна за разлика од Вашата Македонија, која е регресивна, изолирана, и е со тефтерче против своите граѓани. Неспособен полковнику, како Европски Фронт тука сме како гаранција дека оваа држава ќе се движи напред и дека оваа држава е на сите граѓани, како на македонците така и на сите останати од третата изборна единица…
– 9308 Роми;
– 8628 Албанци;
– 5590 Турци;
– 5199 Бошњаци;
или вкупно 28725 гласачи незастапени во Собранието на Македонија.
И за крај коригирајте се, нема да има еден пратеник туку минимум три, бидејќи носител е проф. д-р Сулејман Баки (горд турчин на оваа држава), а втор на листата е Џевдет Садику (горд Албанец од вашата Македонија)“ му порача Лога на Ковачки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Состојбата на фронтот е монструозна и…
Состојбата на фронтот за украинскиот претседател Володимир…
Судски совет: Министерот Лога е должен да…
„Министерот Лога е должен да го почитува…
Лога со допис бара од Судски совет…
Министерот за правда Кренар Лога со писмен…
Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите
Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…
Толку од офанзивата, Украина се спрема за…
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…