Лога со допис бара од Судски совет да ја изземе Лорета Ѓоргиева од Комисијата на известители поради конфликт на интереси

t

Министерот за правда Кренар Лога со писмен допис бара од Судски совет поради конфликт на интереси да ја изземе Лорета Ѓоргиева од Комисијата на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, соопштија попладнево од ресорното Министерство.

Министерот за правда Кренар Лога, како што потенцираат, во дописот до Судски совет наведува дека и покрај претходните укажувања за навремено доставување на материјалите, тие не му се доставуваат ниту пред ниту после одржувањето на седницата која е одржана на 23 ноември.

-Недозволиво е министер за правда да се информира за точките од дневниот ред од медиумите преку кои бевме информирани за изборот на Лорета Ѓоргиева за член на Комисијата. Поради конфликтот на интереси и фактот што Ѓоргиева јавно застана во одбрана на судијата Лазар Нанев кој неодамна беше ослободен од функцијата претседател и член на Советот на ИКТ, министерот за правда бара Судскиот совет да ја изземе Ѓоргиева од Комисијата на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател, вели Лога во дописот до Судски совет.

Доколку Ѓоргиева не се изземе од Комисијата, се наведува во соопштението, Судскиот совет прави лош преседан со кој ќе се намали и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судски совет: Министерот Лога е должен да…

„Министерот Лога е должен да го почитува…

Лога со допис бара од Судски совет…

Министерот за правда Кренар Лога со писмен…

Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите

Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…

Јакимовски ги оцени советниците во Општина Карпош…

Советниците од Општина Карпош, кои живееле во…