Лога: САД сакаат да не видат во Европската Унијa
Министерот за правда, Кренар Лога денеска се сретна со Габриел Ескобар, заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан. Како што вели во соопштението од Правда, евроинтеграциите се клучни за перспективата на Република Македонија и граѓаните и се од геостратешко значење за стабилноста на регионот и Европа.
„Заеднички е ставот дека интеграцијата на Република Македонија во ЕУ значи просперитет за граѓаните во државата, со импакт и на долгорочен просперитет на целиот Западен Балкан во Европската Унија.
Силна поддршка на САД за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската Унија.
Оценето е дека кој било друг исход од можноста да се продолжи по европскиот пат не е од државен и стратешки интерес. Поради тоа, заедничка е согласноста дека претстојната одлука во Собранието треба да биде државничка, во насока на интеграција, а не изолација“ велат од Министерство за правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судски совет: Министерот Лога е должен да…
„Министерот Лога е должен да го почитува…
Лога со допис бара од Судски совет…
Министерот за правда Кренар Лога со писмен…
Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите
Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…
Не можат без нас: Северна Македонија и…
Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан…
Телефнски разговор Османи-Ескобар: Еве за што станало…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари…