Лога со реакција: Филков не раководи со Правда, затворен е во својот кабинет од шефицата која не му дозволува да комуницира

t

За жал, господинот Филков е само потписник во таа институција, а Министерството го раководи г-ѓа Радица Лазареска Геровска, со која целото министерство нема добра комуникација, вака екс-министерот за правда, Кренар Лога ја започнува својата објава како реакција на неговиот наследник во министерството дека пред да замине од функцијата, Лога си ги зел документите со препораки од Оценската мисија на ЕУ.

Посочува дека во време кога била избрана новата власт, бил на испланиран семеен одмор, за кој се добива решение од Владата.

-Се вратив два дена по неговиот избор, на 26-ти, и неколку пати го барав г. Филков на телефон и преку СМС пораки, а потоа и преку кабинетот. Бев информиран дека тој ќе ме побара, но, за негова несреќа, сè уште е затворен во својот кабинет од својата шефица на кабинетот, која не му дозволува да комуницира.

За трагикомедијата да биде поголема, тој сè уште продолжува да молчи. За сите тие важни теми тој нема став, повторува една банална реченица “и премиерот е право и меѓународните сојузници се у право” се крие од јавноста и чека писмен одговор од г-ѓа Радица, наведува Лога на својот Фејсбук профил.

Екс-министерот е дециден дека писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат, исто како што го добија и екс-вицепремиерот Бојан Маричиќ, претседателот на судски совет Сашко Георгиев и други.

-Еден дел од писмото беше наменет за јавноста, додека другиот беше класифициран само за министерот. Тоа писмо е архивирано од службено лице во Министерството кое ракува со доверливи материјали, но, нормално, Радица не може да го добие додека нема безбедносен сертификат. Истото писмо, со дозвола на мисијата, е споделено и со работната група, односно со претседателот академик Владо Камбовски, додава Лога.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судски совет: Министерот Лога е должен да…

„Министерот Лога е должен да го почитува…

Лога со допис бара од Судски совет…

Министерот за правда Кренар Лога со писмен…

Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите

Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…