Лозарите со барања до Љупчо Николовски и винариите: Какви мерки предлагаат?
“Здружението „Тиквешки лозароовоштари” бара од винариите да кажат колку грозје планираат да откупат годинава, со која шеќерност и по која цена.
Ова е само едно од барањата на ова регионално здружение, кои ги имаат испратено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот Љупчо Николовски.
Претседателот на здружението, Дане Јошев, денеска информира дека бараат средба со ресорниот министер.
– Веднаш да се донесе закон со којшто ќе се гарантира минимална откупна цена на грозјето и тоа по шеќерни единици. За „вранец” од 19 шеќерни единици, 18 денари по килограм. За ,,смедеревка” од 17 шеќерни единици, 16 денари за килограм, појасни Јошев.
Меѓу барањата е и за обесштетување за последици од суша. Да се изгради дестилерија, за решавање на проблемот со вишокот на грозје.
– Зелената нафта е добра мерка, од која се задоволни земјоделците и треба да продолжи, дециден беше Јошев.” пишува Мак Прес
Линк до веста:
https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=451500
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворено писмо од вработени во МЗШВ: Трпиме…
До редакцијата на Инфомакс пристигна отворено писмо…
Николовски за 100 дена Влада: Субвенциите не…
Пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски синоќа на…
Исплатени се субвенции за произведено и предадено…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан…
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…
Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…