Лојд Остин пуштен од болница, ќе работи од дома додека закрепнува
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин беше пуштен од болница во понеделникот, по двонеделна хоспитализација поради компликации при операција на рак на простата, се вели во соопштението на Пентагон.
„Министерот продолжува успешно да закрепнува и по совет на лекарите, ќе закрепнува и одреден временски период ќе работи од дома пред да се врати во Пентагон со полно работно време. Тој има целосен пристап до неопходните безбедни линии за комуникација“, соопшти Пентагон.
Остин беше хоспитализиран на Нова Година и помина извесно време на интензивна нега пред да биде преместен во друг дел од болницата за да продолжи со закрепнувањето. Неговите лекари од Медицинскиот центар на националната армија „Волтер Рид“ изјавија дека ракот е рано откриен и неговата прогноза е одлична.
Првичната процедура за отстранување на простатата била изведена нешто повеќе од една недела порано, на 22 декември, но на 1 јануари Остин доживеал тешка болка во стомакот, колковите и нозете, поради што бил однесен во болница, открија неговите лекари.
Му била дијагностицирана инфекција на уринарниот тракт и акумулација на течност што влијаело на неговото тенко црево, поради што било неопходно да му се вметне цевка низ носот за да се испумпа желудникот.
„Од минатиот вторник инфекцијата исчезнала, но тој сè уште чувствува непријатност“, изјави портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…