Луда журка во Жеровјане: Пронајден кокаин, танчерки од Украина и Србија…

t

Полициски службеници на МВР во содејство со полициски службеници на СВР Тетово и Државен инспекторат по труд вчеравечер во периодот од 23.35 часот до 01.20 часот, во Тетовско и Гостиварско спровеле акциска контрола во угостителски објекти, при што се приведени 12 лица.

Во тетовско Жеровјане, во угостителски објект сопственост на Х.А.(33) од тетовско Боговиње, информираа денеска од МВР, при контролата, од слобода бил лишен Г.Б.(52) од Хрватска, затоа што кај него бил пронајден кокаин, а затекнати и поради нелегално вработување приведени се и П.О.(20) од Украина и Ј.Ѓ.(29) од Србија. Трите лица задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

– Полициски службеници на МВР, СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар и Државен инспекторат по труд, вчера исто така, спровеле акциска контрола и во Гостивар и околу 11.00 часот, поради злоупотреба на туристичкиот престој, приведени се Џ.А.(39), Ш.У.(43), В.У.(46), С.Д.(46), сите од Република Турција, Р.К.(54), Г.Б.(56) и А.Ј.(41), сите од Република Албанија и М.Р.(55) од Република Србија, соопштија од МВР.

Покрај овие лица, поради попречување на полициски службеници во извршување на службени дејствија, во 12.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар e приведен Ј.З. од гостиварско Чегране. Сите се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…