Лудило: Ученици во три училишта правеле список кого да убијат!
Како што потврди МВР за порталот Н1, во три училишта во Србија учениците правеле списоци со ученици во кои ќе пукаат. Сите биле приведени заедно со нивните родители, а биле пријавени од ученици и други родители, јави дописникот на МИА од Белград.
Се работи за училиштето „Деспот Стефан Лазаревиќ“ во белградската населба Миријево, а мајката на еден од учениците испрати писмо од кое се гледа дека родителите се вознемирени и дека многумина нема да ги праќаат децата на училиште.
Во основното училиште „Бора Станковиќ“ во Вождовац, двајца ученици од петто одделение направиле список, како и еден ученик во училиште во Бајина Башта.
Полицијата на Зрењанин го уапсила А.С.(19) од околината на Нова Црња поради сомнение дека предизвикал паника.
Се сомнева дека А.С., во својата одделенска група преку мобилна апликација објавил цртеж на кој се гледа училница со крвави ликови како лежат покрај клупите, додека еден од нив држи предмет сличен на пиштол, се наведува во соопштението на МВР.
Се додава дека тоа ги вознемирило учениците и нивните родители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…