Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до премиерот Мицковски кое се однесуваше за борба против загадувањето.
„Граѓаните на Скопје, но и многу други македонски градови дишат загаден воздух, присуството на ПМ10 честичките се двојно а некои денови тројно зголемени. Високи концентрации на ПМ10 честички се регистрирани и во другите градови, Битола, Кичево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Гостивар. По бројот на жители тоа е повеќе од половина Македонија.
Воздухот е означен како „нездрав“, тоа знаете верувам колку сериозна закана за здравјето на граѓаните е.
Кога бевте во опозиција господине Мицкоски вие ветувавте над 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветувавте намалување на загадувањето до 50%.
Како власт нема ништо од тоа. Не само што нема 1 милијарда евра за борба против загадувањето туку и парите коишто се предвидени за тоа во буџетот ги намалувате.
Или по ставки:
Парите за заштита на животната средина ги намаливте за цели 25%.
Парите за квалитет на воздух ги намаливте за 51%.
Парите за развој на енергетиката се намалени за 41%.
Парите за гасификација речиси се преполовени, додека за енергетска трансформација, која е неопходна за намалување на загадувањето, немате ништо предвидено.
Со намалување на буџетот за клучни области за борба против загадувањето, како животната средина, енергетиката и квалитетот на воздухот праќате јасна порака дека немате никаква намера нешто да преземете.
Ги оставате граѓаните само на себе.
Како власт поважно ви е луксузирањето, па затоа во Буџетот имате предвидено повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги.
Пред една недела, вие господине Мицкоски тврдевте дека когенеративна централа е решение за енергетската и еколошката криза. Но каде се тие пари во буџетот? Нема ниту денар.
Нема средства, нема план, нема никаква стратегија за намалување на загадувањето.
Депонијата „Дрисла“, која е главен извор на загадување за цело Скопје, останува заборавена. Нема средства за нејзино подобрување, ниту за воспоставување модерен систем за управување со отпадот. Наместо тоа, секојдневно гледаме неорганизираност, негрижа и неспособност.
Ова е алармантно. Наместо да преземат конкретни мерки за спас на животната средина гледаме неактивност а тоа граѓаните го плаќаат со своето здравје.
Дополнително, во рамки на Собранието и Комисијата за финансирање и буџет досега не прифативте ниту еден амандман на СДСМ, ниту еден, меѓу кои ги одбивте и амандманите за обезбедување повеќе средства за борба против загадувањето.
Кога бевме на власт СДСМ имаше План за чист воздух, којшто е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, истиот беше посочен и во Извештај на Европска комисија.
И реализацијата на тој план ги даде првичните ефекти, кои се јасни и конкретни. Секако дека не е долно но борбата со загадувањето е макотрпен процес.
Со планот се обезбеди годишно намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за-564 kg и намалување на честичките МП 10 за-735 kg.
Во мандатот на СДСМ се преземаа серија на мерки, почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт па се до конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки училишта.
Во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници.
Во средните и основните училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи на воздух, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата.
Ги нафрлам сите овие мерки затоа што секоја од нив вметната во овој план придонесоа за одредено намалување на просекот на концентрацијата на штетни честички во воздухот.
И тие мерки требаше да се засилат и да се унапредат. За жал и на штета на народот ДПМНЕ не прави ништо за тоа односно го прекинува тој процес.
Политиките на една власт се гледаат во буџетот а во Буџетот 2025 пари за борба против загадувањето нема.
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Платформа 1198, стои, дека, цитирам, приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина ќе бидат: План за обезбедување на чист воздух за сите!
Ја нема сега милијардата којашто ја најавувавте за борба против загадувањето. Ниту пак има мерки за намалување на загадувањето за 50%.
Моето конкретно прашање е каде го заборавивте планот за чист воздух?“ – вели Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде…
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…