Лукаревска најави нов пакет антикризни мерки: Ќе се вбризгува помош во економијата
Сите институции се во постојана комуникација и во наредниот период ќе се излезе со нов пакет антикризни мерки, изјави вечерва директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
– Во постојана комуникација сме. Веројатно во наредниот период ќе се излезе со новиот пакет. Ги слушаме и целните групи, треба да се направи посебна анализа за тоа која дејност е најмногу засеганата и каде ќе треба најмногу да се вбризга помош, рече Лукаревска во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Според Лукаревска, намалувањето на ДДВ-то што беше една од мерките од последниот антикризен пакет, не влијаело значително во делот на прибирањето на даноците.
– Сметам дека оваа мерка помогна, но не направи соодветни потреси во делот на прибирањето на даноците. Имаме солидна наплата на даноците, рече Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…
Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…
Засилени мерки за безбедност во трговските центри…
Министерството за внатрешни работи им порача на…
Инфлацијата се намали, мерките дадоа резултат, велат…
Мерките и политиките на СДСМ во насока…
Европскиот план за развој на Западен Балкан…
САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…
Нема да се јадат само макарони: Владата…
Од идната недела граѓаните може да очекуваат…