Лукаревска не добила покана за присуство на новата социјалдемократска платформа
За новата социјалдемократска платформа „Разговори за иднината во 12:05“ на поранешни функционери на СДСМ, пратеничката од партијата, Сања Лукаревска вели дека не може да коментира бидејќи не е дел од раководството на партијата, но посочува дека предлогот градоначалникот Горан Герасимовски да биде потпретседател на СДСМ е затоа што имаше две последователни победи во Општина Центар кога СДСМ ги губеше изборите наа локално ниво и дека доаѓа од главниот град Скопје.
-Мислам дека тука повеќе СДСМ работи на окрупнување на градската организација, кажа Лукаревска во емисијата „24 анализа“.
На прашањето што се смени во меѓувреме ако се знае дека Герасимовски пред неколку месеци ја одбил потпретседателската позиција од Венко Филипче, Лукаревска вели декаа најдобар одговор ќе даде токму градоначалникот.
За нејзиното неприсуството на платформата, Лукаревска вели дека не добила покана и порача дека сите работи за СДСМ треба да се разговараат во рамките на партијата.
-Верувам дека сите заедно сакаме силен и сплотен СДСМ затоа што само така ќе имаме и добра иднина за државата, инаку заедно делиме исти социјалдемократски вредности…, додаде пратеничката.
Лидерот на СДСМ вчера објави дека ќе го номинира Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ.
„Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат“, вели Филипче кој смета дека Герасимовски може да ги зајакне партиските капацитети и да придонесе во градењето на, како што вели, уште посилен СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лукаревска не добила покана за присуство на…
За новата социјалдемократска платформа „Разговори за иднината…
Мицкоски: СДСМ во коалиција со Левица поднесоа…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…
Филипче ќе го номинира Герасимовски за потпретседател…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче најави дека…
ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и стравот од пораз ги…
СДС и Левица уште еднаш покажаа дека…
СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со…
„Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски…