СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји
„Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји. Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од опозициската СДСМ.
„Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува.
Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието.
Ниту една сериозна реформа не е направена. Ниту еден крупен проблем што ги мачи граѓаните не е решен. Само се прераспределуваат министерски фотелји меѓу истите луѓе и нивните сателити.
Мицкоски само го префарба истиот криминален систем, за да може уште некое време да го одржува на власт.
Не е ова никаква промена. Ова е признание дека досегашната Влада е неуспешна, но наместо да се признае одговорноста, се прави уште еден круг на театар.
Граѓаните не сакаат старо-нови имиња на старо-нови позиции. Тие сакаат резултати. А резултати нема, ниту ќе има, додека на чело на државата е истата организирана криминална група.
Во секој случај, нè очекуваат предвремени избори. Пари нема, па и оваа претстава ќе трае кратко“, соопштиja од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…
Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…
Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…