Лукаревска оптимист за уставните измени: Донесовме тешка државничка одлука!
На граѓаните во моментов им е најмногу потребна ЕУ перспективата. Лидерската средба ќе има дебатен карактер. Секоја сериозна политичка партија треба да биде дел од дебатата во понеделник, вели потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска.
Според неа, парламентарното мнозинство е стабилно и тоа е потврдено во повеќе наврати.
-Редовните избори ќе бидат во 2024 година. Ако во ова кризно време зборуваме за предвремени избори, сметам дека воопшто не е дојдено за такво нешто. Имаме енергетска и економска криза и треба да се справиме со неа, посочува Лукаревска.
За евентуалните уставни измени, Лукаревска вели дека „секогаш борела дека треба да дебатираме со партиите на ниво на идеи и предлози“.
-Имам кажано дека прогресивните сили ќе навладеат и ќе го отвориме европскиот пат. Европската перспектива треба да биде пред се и над се. Оптимист сум и очекувам дека оваа тешка државничка одлука ќе ја донесеме, рече потпретседателката на СДСМ за вестите на Тв Сител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…
Владата во постапката за донесување закони, а…
Прифаќаме промена на Уставот: Ова се трите…
Новиот, компромисен француски предлог за решавање на…
Лукаревска: Ги отфрлам сите шпекулации дека ќе…
Директорката на Упавата за јавни приходи (УЈП)…