Лукаревска: Со 4,9% дефицит и 68% јавен долг, ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во финансиски амбис
ВМРО-ДПМНЕ успеа за еден месец на власт да сруши стабилни економски политики коишто Социјалдемократскиот сојуз макотрпно ги градеше изминатите седум години во услови на економска и ковид криза.
Ова го истакна пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција посветена на ребалансот на Буџетот што Министерството за финансии го презентираше вчера.
„Со буџетот се предвидува буџетски дефицит од неверојатни 4,9% и покачување на јавниот долгот на 68%. Само овие две бројки потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја води државата во амбис. Уште со првиот ребаланс, ВМРО-ДПМНЕ го руши она што макотрпно го градевме во соработка со меѓународните финансиски институции, а тоа е стабилен и оджрлив финансиски систем”, изјави Лукаревска.
Лукаревска ги презентираше сите небулози на ребалансот и даде одговор зошто тие се штетни за државата и за економијата.
„Во седум години владеење, од кои пет во ковид и економски кризи, СДСМ успеа да го намали буџетскиот дефицит на 3,6% и да го намали јавниот долг до 55%. Сега ВМРО-ДПМНЕ го покачува дефицитот за цели 36%, а јавниот долг на ризични 68%. Овој процент на јавен долг е спротивен на Мастришките декларации и сериозно ќе го наруши кредитниот и финансискиот рејтинг на земјата”, истакна Лукаревска.
Јавноста треба да знае, дека и покрај сите апокалиптични економски години низ кои СДСМ ја водеше државата, сепак успеа финансиски да ја консолидира, потенцира Лукаревска.
„ВМРО-ДПМНЕ со овие буџетски политики ќе направи хаос и ќе создаде зависност од кредитирање. Не постои ниеден сериозен финансиски експерт или макроекономист кој овој буџет го смета за оправдан”, децидна е Лукаревска.
Лукаревска најави дека ставовите изнесени на денешната прес-конференција се првични согледувања и дека ребалансот на Буџетот СДСМ детално ќе го анализира во Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…