Лукашенко негира дека белоруска војска учествува во нападот на Украина – проблемот може да се реши по мирен пат
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека е можно да се спречи сеопфатен конфликт во Украина, и дека е неопходно да се седне на преговарачка маса.
Тој посочи дека не смееме да дозволиме крвопролевање и војна во Украина.
Лукашенко нагласи дека белоруската армија не учествува во руската специјална операција во Украина.
„Прочитав: „Околу 5 часот, државната граница на Украина на територијата на Русија и Белорусија беше нападната од руски трупи поддржани од Белорусија“. Најлошите измеќари! Нашата армија не учествува во таа операција“, изјави Лукашенко на оперативниот состанок со армијата, пренесува државната агенција „Белта“.
Тој рече и дека рано утринава телефонски разговарал со рускиот лидер Владимир Путин за ситуацијата во Украина.
„Детално ме запозна со ситуацијата. Како што рече, целта на операцијата е јасна: да се запре геноцидот врз луѓето во ДНР и ЛНР“, истакна Лукашенко.
Тој исто така рече дека военото раководство на Украина било предупредено за можноста за воени операции, но не презела никакви чекори.
Тој напомена дека по заедничките воени вежби, дел од руските војници останале на територијата на Белорусија, а тоа лично му го предложил на Путин на последната средба во Москва.
„Зошто? Не се срамам да кажам: не бевме подготвени да го покриеме јужниот правец во оваа ситуација, бидејќи украинските единици – армијата, а не граничарите, напредуваа до границата и почнаа да вршат маневри. Го видовме тоа, но никогаш немавме војници таму. Затоа предложив помал дел од руските војници да останат на јужните граници, додека не ги замениме со нашите вооружени сили“, објасни Лукашенко.
Како што вели, Путин го прифатил неговиот предлог.
Претседателот на Русија Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Стејт департментот со предупредување до Американците да…
Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…