Лукашенко одобри потпишување на важен договор со Русија
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го одобри нацртот на меѓувладиниот договор со Русија за соработка во транспортот на стоки преку руските пристаништа, објавено е денеска на официјалната државна веб-страница Pravo.by.
Во соопштението се наведува дека одобрениот нацрт е основа за преговори за договор за соработка во областа на транспортот на одредени видови товар преку коридори низ териториите на Белорусија и Русија.
Се додава дека Министерството за транспорт на Белорусија е овластено да води преговори и да го потпише соодветниот договор, пренесува РИА Новости.
Претходно белорускиот премиер Роман Головченко најави дека Минск и Москва имаат намера да потпишат договор за транзит на белоруски надворешно-трговски товар преку руските пристаништа.
Во август 2020 година, Лукашенко најави можна преориентација на трговските текови од балтичките пристаништа во други насоки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…