Лукашенко: Украина нема што да бара во ЕУ
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека земјата „нема што да бара во Европската унија“.
Во разговор со новинарите, Лукашенко рече дека голем број функционери се вклучени во преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, како и дека за тој процес се издвојуваат милиони долари, па многумина се заинтересирани да се приклучат на оваа „креативна група“, но дека тоа е нешто што веројатно никогаш нема да се случи, пренесе државната белоруска агенција „Белта“.
„Милиони долари се во прашање. И тука прават нешто што веројатно никогаш нема да се случи. Украина тешко дека некогаш ќе биде во Европската унија. И тука ги лупат, ги лупат овие (европски) грантови што ги дистрибуираа“, рече Лукашенко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…