Лула да Силва: Путин може да присуствува на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро без страв од апсење
Рускиот претседател Владимир Путин може да присуствува на самитот на Г-20 следната година во Рио де Жанеиро без страв од апсење, изјави денеска бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.
На овогодинешниот состанок во Њу Делхи, Лула рече дека рускиот претседател би бил добредојден да присуствува на настанот во ноември 2024 година, пишува „Гардијан“.
„Она што можам да ви кажам е дека ако јас сум претседател на Бразил и ако тој дојде во Бразил, нема причина да биде уапсен“, рече тој.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин за наводни воени злосторства во март 2023 година, нешто повеќе од една година по руската инвазија на Украина.
Како потписник на Римскиот статут, Бразил е должен да соработува со истрагите и активностите на МКС.
Лула, сепак, посочи дека Путин ќе биде добредојден на самитот во Рио, каде што посетителите, како што рече, ќе најдат „атмосфера на мир“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…