Објавено на:

Луѓе на Колективниот Запад: Саакашвили не личи на себе, Зеленски сака да го спаси „овој човек“

t

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили првпат по неколку месеци се појави на телевизија речиси непрепознатлив.

„Потполно невин човек се држи во притвор. Јас не направив никакво кривично дело“, рече тој во видео обраќање, што се емитуваше во живо на неколку независни ТВ канали.

Саакашвили се наоѓа во цивилна болница, каде што беше префрлен минатата година откако започна 50-дневен штрајк со глад во знак на протест поради неговиот притвор.

„Ставањето во затвор нема да ме скрши. Ќе бидам активно вклучен во грузиската политика“, рече тој.

Лекарите рекоа дека Саакашвили (55) е изложен на ризик да умре од состојба која ја развил додека бил во притвор, иако грузиските власти велат дека му е пружена соодветна медицинска нега.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека од грузискиот амбасадор во Киев ќе биде побарано „да ја напушти Украина во рок од 48 часа за да одржи консултации во неговиот главен град“ за третманот на Саакашвил

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили првпат по неколку месеци се појави на телевизија речиси непрепознатлив.

„Потполно невин човек се држи во притвор. Јас не направив никакво кривично дело“, рече тој во видео обраќање, што се емитуваше во живо на неколку независни ТВ канали.

Саакашвили се наоѓа во цивилна болница, каде што беше префрлен минатата година откако започна 50-дневен штрајк со глад во знак на протест поради неговиот притвор.

viber slika

„Ставањето во затвор нема да ме скрши. Ќе бидам активно вклучен во грузиската политика“, рече тој.

Лекарите рекоа дека Саакашвили (55) е изложен на ризик да умре од состојба која ја развил додека бил во притвор, иако грузиските власти велат дека му е пружена соодветна медицинска нега.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека од грузискиот амбасадор во Киев ќе биде побарано „да ја напушти Украина во рок од 48 часа за да одржи консултации во неговиот главен град“ за третманот на Саакашвили.

Зеленски сака Саакашвили, кој доби украинско државјанство во 2019 година, да биде префрлен во клиника во Украина или на запад.

Тој ја повика Грузија да го „предаде“ Саакашвили на Украина и да го „спаси овој човек“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марк Руте: НАТО е тука и за…

На прес конференција пред почетокот на НАТО…

Бугарија: Изјавите на Мицкоски се популистички, нема…

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот…

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Арсовска го објави: „Ова е сопственикот на…

Градоначалничката Данела Арсовска денес на Фејсбук сподели…

Левица: Скандал во Вевчани, ДПМНЕ на колена…

Скандал во Вевчани, наместо успехот критериум за…