Магла на повеќе патни правци, одложен летот Скопје – Истанбул
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 м има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50 м на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец Македонски Брод – Кичево и до 50 м на планинскиот превој Буково, соопшти АМСМ.
На Меѓународниот аеродром Скопје според објавата на нивната веб-страница, утрово откажан е летотот од Скопје за Истанбул, а има доцнење од еден час на летот од Истанбул за Скопје.
Времена измена на режим на сообраќај има на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп каде се врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи, информираат од Доо „Стентон Градба – Битола“.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по зимски услови, по претежно суви коловози, а сите патни правци се проодни, без забрани и ограничувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Магла на повеќе патни правци, одложен летот…
Намалена видливост поради појава на магла од…
Поради магла намалена видливост до 100 метри…
Намалена видливост поради појава на магла до…
Магла од 100 – 150 метри на…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во…
Густа магла кај Бунец, Маврово видливоста намалена…
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива…
Маглата го отежнува авиосообраќајот над Скопје
Поради маглата во Скопската котлина дел од…