Поради магла намалена видливост до 100 метри на патот Кичево – Македонски Брод

t

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Кичево – Македонски Брод, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалена видливост поради магла на патот Попова…

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…

Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон…

Намалена видливост до 70 метри и појава…

Намалена видливост поради магла на неколку патни…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено…

Магла на патниот правец Скопје – Тетово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…

Поради магла намалена видливост на Стража, Ѓавато…

Автомото сојузот на Македонија информира дека поради…