Објавено на:

Мадуро победи на изборите во Венецуела

t

Актуелниот венецуелски претседател Николас Мадуро победи на претседателските избори во земјата во неделата, освојувајќи 51,2 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес освои 44,2 отсто, соопшти националната изборна комисија, врз основа на 80 отсто преброени гласови.


Обраќајќи им се на поддржувачите по објавените резултати, Мадуро рече дека Венецуела претрпе сериозен хакерски напад врз системот на изборната комисија во неделата.
„Доцна вечерва бевме подложени на голем хакерски напад, знаеме од која земја дојде, но нема да кажам“, рече Мадуро.


Тој посочи дека нападот бил извршен врз системот на Републичкиот изборен совет, бидејќи опозицијата не сакала денеска да бидат објавени официјалните резултати.
„Знаеме кој го наредил (нападот). Генералното обвинителство ќе спроведе истрага“, додаде тој и им честиташе на вештаците што можеа да се справат со нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп најави раскинување на нафтениот договор со…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…

Врховниот суд на Венецуела: Мадуро победи на…

Врховниот суд на Венецуела денеска потврди дека…

Хаос во Венецуела: Властите обвинуваат хакери од…

Големи немири избиле во главниот град на…

Мадуро победи на изборите во Венецуела

Актуелниот венецуелски претседател Николас Мадуро победи на…

Земјотрес со јачина од 6,1 степен по…

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според…