Објавено на:

Мадуро победи на изборите во Венецуела

t

Актуелниот венецуелски претседател Николас Мадуро победи на претседателските избори во земјата во неделата, освојувајќи 51,2 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес освои 44,2 отсто, соопшти националната изборна комисија, врз основа на 80 отсто преброени гласови.


Обраќајќи им се на поддржувачите по објавените резултати, Мадуро рече дека Венецуела претрпе сериозен хакерски напад врз системот на изборната комисија во неделата.
„Доцна вечерва бевме подложени на голем хакерски напад, знаеме од која земја дојде, но нема да кажам“, рече Мадуро.


Тој посочи дека нападот бил извршен врз системот на Републичкиот изборен совет, бидејќи опозицијата не сакала денеска да бидат објавени официјалните резултати.
„Знаеме кој го наредил (нападот). Генералното обвинителство ќе спроведе истрага“, додаде тој и им честиташе на вештаците што можеа да се справат со нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…

Венецуела објави ослободување на 131 политички затвореник

Венецуелската влада објави ослободување на 131 политички…

Девојче преживеало со кечап и мајонез, 32…

Од речиси 50 лица кои живееле во…

Бројот на жртви во Венецуела се искачи…

Една недела по катастрофалните земјотреси што ја…

(Видео) По шест дена под урнатините, извлечено…

По шест дена поминати под урнатините од…