МАЕИ: Како Македонци од Албанија гордо го славиме празникот на нашата мајка татковина
Честитка по повод Денот на независноста до сите Македонци каде и да се упати Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и од име на целата македонска заедница во Албанија.
Во неа стои дека „овој ден е симбол на долгогодишна борба на Македонците за самостојност, слобода и достоинство“.
Се додава дека на овој историски датум пред 33 години, Македонците храбро и достоинствено го заокружија својот стремеж кон независна држава, исполнета со слобода, суверенитет и иднина заснована на европски вредности и демократски принципи.
Овој ден ни дава поттик и обврска да продолжиме да ја чуваме и градиме Република Македонија како силна, стабилна и просперитетна држава, дел од големото европско семејство.
Се посакува „да ја славиме нашата заедничка историја и да го чествуваме нашето единство, идентитет и култура, каде и да се наоѓаме во светот“.
Како Македонци во Албанија, и ние го делиме гордото наследство на нашата мајка татковина, стоејќи цврсто зад принципите на мир, соработка и интеграција. Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија, се нагласува во честитката потпишана од Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАЕИ: Како Македонци од Албанија гордо го…
Честитка по повод Денот на независноста до…
Организација на Албанците: Очигледен притисок врз младите…
Организацијата на Албанците испрати отворено писмо до…
Грција го забрани Центарот за македонски јазик…
Апелациониот суд во Кожани, Грција ја поништи…
Во Церје, Македонците од Мала Преспа, го…
Според традицијата негувана со векови, во селото…
Егзодус и во Албанија, луѓето масовно ја…
Албанија продолжува да се соочува со масовен…