Објавено на:

Маж и жена ограбувале низ Скопје

t

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 29-годишник против кого се води постапка за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 и Тешка кражба од член 237 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 13 април, заедно во договор со непознато женско лице, со употреба на сила и закана одзеле предмети од еден оштетен. Жената му се доближила на оштетениот пред зградата во која живеел и го прашала дали сака да му го чисти станот. Тој и кажал дека во моментов нема потреба за тоа и тргнал кон станот. Но, во моментот кога влегувал дома, двајцата неповикани влегле по него, при што обвинетиот го турнал оштетениот и со влечење го однел во една од собите. Му се заканил со нож и побарал од него да му ги даде парите. Пребарувајќи низ станот, одзеле паричник со 2.250 денари, два мобилни телефони, рачен часовник и други предмети, во вкупна вредност од околу 21.750 денари.

На 15 април, на улицата „11 Октомври“ во Скопје, обвинетиот на дрзок начин одзел паричник со 2.000 денари од оштетена која во тој момент влегувала во својата зграда.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи таквата мерка се уште е неопходна за непречено водење на кривичната постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…