Маж пронајден мртов по пожар во неговиот дом во Старо Нагоричане
Средовечен маж од село Руѓинце, општина Старо Нагоричане е пронајден мртов во неговиот дом. Полицијата констатирала дека настанал пожар, а лекарите дека смртта настапила без траги на насилство, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 15:43 часот во СВР Куманово било пријавено дека во домот во село Руѓинце, општина Старо Нагоричане, бил пронајден починат Л.С.(61). По овластување на јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека собата била исчадена, а починатиот бил пронајден изгорен во креветот од пожар кој настанал од неизгасена цигара. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти СВР Куманово.
По наредба на обвинителот, телото на починатиот било дадено на семејството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…