Македонец и Бугарин разменувале епрувети пред здравствениот дом во Делчево – Што имало во нив?
Вчера во Делчево, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток ги лишиле од слобода Г.Д.(43) од Скопје и Д.К.И.(40) од Република Бугарија.
Како што соопшти МВР, тие допатувале во дворот на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево со службени возила на лаборатории од Скопје и Република Бугарија, каде што биле вработени, при што биле затекнати како вршат размена на медицински материјал.
При претрес во возилата, извршен со судска наредба, во возилото на Д.К.И. била пронајдена и одземена ќеса со повеќе епрувети наполнети со течност.
За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски олимпиец заедно со Македонец и Црногорец…
Бугарскиот олимписки шампион во кревање тегови Галабин…
Македонец на докторски студии по физика во…
Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски…
Два земјотреси во две минути во Делчево…
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на…
Левица: Кој ги убива рибите во делчевско?
Локалните сточари во делчевско, во атарот на…
АЛАРМ во Судскиот совет! Никој не се…
На огласот за избор на претседатели на…