Македонија е уникатен пример за негување на различни традиции и вери, вели Ковачевски во честитката за Рамазан Бајрам

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот и на Муфтиствата, како и до сите верници од исламска вероисповед, кои празнуваат.

„Упатувам искрени желби за мир, радост и благосостојба до секого и во сечиј дом.

Празниците се денови кога членовите на семејствата, соседите, пријателите се заедно и споделуваат меѓусебна почит, разбирање, солидарност.

Токму на овие вредности, ние заедно го градиме и нашето еднакво општество за сите граѓани, промовирајќи ја мултикултурата како функционална придобивка и со оваа посебност ја интегрираме државата во европското семејство на народи и држави.

Во време на безбедносни и економски предизвици на европскиот континент, Република Македонија е корисен, уникатен пример, за негувањето и развојот на различните традиции, вери, заедници.

Преку заедничките определби, со искрените пријателства, да продолжиме да поставуваме нови темели во меѓусебните односи.

Честит Рамазан Бајрам!“, порача во телеграмата за празникот, до поглаварот хаџи Шаќир ефенди Фетаи, премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден: Израел се согласи на прекин на…

Претседателот на САД – Џо Бајден изјави…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…