Aко 100 илјади луѓе бојкотираат тогаш пописот е неуспешен, рекоа од Државен завод за статистика

t

Хилми Селами, заменик-директорот на Државниот завод за статистика минатата година во емисијата „Патот кон“ ма Алсат ТВ рече дека пописот нема да биде релевантен ако не се попишат илјада или две илјади граѓани во Македонија.

– Имаме доволно време за подготовка за кредибилен попис. Но истиот можат да го одложат само две причини. Прво, не очекување, но евентуално влошување на состојбата на пандемијата и второ, тивкиот бојкот од страна на македонската опозиција. Ако вие не успеете да попишете поради тоа илјада или две илјади лица, пописот не е целосен, рече Селами.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски го претстави утринава пописот како успешен.

-Имам огромна чест и задоволство да објавам дека Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, вечерва, официјално, успешно заврши, изјави денес Симовски

Но ајде да ги видиме бројките. Според денеска соопштените бројки од директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски. 7,2 отсто, или 132.260 граѓани, се попишани од административни извори, односно станува збор за луѓе кои го бојкотирале пописот и одбиле да се попишат.

Уште на 17 јуни 2019-та година Заводот за статистика посочи дека ако најмалку 100.000 граѓани го бојкотираат пописот, резултатите не може да се земат како релевантни.

-Заводот за статистика посочува дека ако најмалку 100.000 граѓани го бојкотираат пописот следната година, резултатите не може да се земат како релевантни. Според законските одредби, сите граѓани кои нема да прифатат да бидат испрашани, може да се казнат со парична казна од 200-400 евра по лице, пренесе тогаш телевизија Алсат.

Македонија е можеби единствената држава во светот која ја попишува својата дијаспора, а тоа предизвикува дополнителни главоболки за Заводот за статистика, бидејќи бројот на Македонци од дијаспората кој го бојкотираа пописот е далеку поголем од 130 илјади Македонци кои не се попишани во сопствената држава.

Ова што го видовме утринава е парада чија единствена цел беше поразот да се претстави како победа, неуспехот како голем успех, едноставно вакви работи се изнагледавме годиниве кои што изминаа.

Накратко државата не успеаа да спроведе релевантен попис, пописот според зборовите на Државниот завод за статистика е неуспешен!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…