Македонија има обврска да го чува и развива идентитетот на Власите, вели претседателот Пендаровски
Шефот на државата, Стево Пендаровски упати честитка по повод 23 Mај – Националниот ден на Власите.
-На овој ден во 1905 година бил издаден декрет со којшто во рамките на Отоманската Империја била призната реалноста дека Власите се посебен народ со свој јазик, своја култура и со свој идентитет. Со тоа се отвори ново поглавје во долгата и богата историја на влашкиот народ, што сведочи и за големиот придонес на Власите во борбата за слободна и независна македонска држава.
Денес, припадниците на влашката заедница во Македонија го остваруваат правото на граѓанско и на политичко организирање, уживајќи ги сите права како и другите етнички заедници. Власите активно придонесуваат во општествените текови и во сите сегменти на секојдневното живеење, објави претседателот.
Пендаровски посочува дека обврска на Република Македонија е да продолжи да го чува, развива и да го промовира етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…