Македонија и Албанија ќе се поврзат со нов граничен премин

t

Албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Бељинда Балуку најави дека Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, кој ќе се создаде со изградбата на Коридорот 8, на кој се работи истовремено од двете страни.

„Додека ние градиме во правец на С.Македонија, земјата гради во правец на Албанија, така што ќе се сретнеме на мостот кај Буштрица, каде што ќе се наоѓа новиот граничен премин, кој ќе биде преку тунел“, информирала Балуку.

По увидот на работите што се изведуваат од третата фаза од целосната реконструкција и проширување на граничниот премин Елбасан – Ќафасан, Балуку наведува дека проектот предвидува изградба на два моста долги 200 метри кои ќе бидат поврзани со тунел.

Таа го изрази своето задоволство од брзината на работите и потсетила дека патот Елбасан-Ќафасан е од категорија Б, со четири ленти, по две од двете страни, со разделници и сите параметри на патот и со минимална брзина од 110 километри на час.

Проектот почна да се реализира во декември 2022 година, а во јуни годинава беше пуштен во сообраќај дел од овој патен правец, на кој беше поставена потребната патна сигнализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија и Албанија ќе се поврзат со…

Албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Бељинда…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

Резервите на злато на Албанија со највисока…

Резервите на злато во Централна банка на…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…