Македонија и Грција изградија интензивна сојузничка соработка во одбраната

t

Македонија и Грција изградија интензивна сојузничка соработка во одбраната, посочиле на денешната средба во Скопје министерката за одбрана Славјанка Петровска и новата грчка амбасадорка во земјава, Софија Филипиду.

На средбата, како што е наведено во соопштението од Министерството за одбрана, била потенцирана сеопфатноста на одбранбената соработка меѓу двете земји, која особено доби на интензитет по потпишувањето Договорот за соработка во 2019 година.

–Одбранбената соработка меѓу Македонија и Грција ја отсликува нашата заедничка, сојузничка определба за мирен, безбеден и стабилен регион и безбедна евроатлантска област, било речено на средбата.

Министерката Петровска ја потенцирала важноста на единството на сојузниците во осудата на руската агресија врз Украина и нивната одлучност во гаранцијата на безбедноста на земјите членки.

Амбасадорката Филипиду порачала дека Грција е посветена на развојот на одбранбената соработка со Македонија и потенцирала дека тоа е една од областите со највисок интензитет во севкупната билатерална соработка меѓу двете земји.

На средбата, како што се наведува во соопштението, било изразено задоволство од високиот степен на реализација на овогодинешниот План за билатерална соработка кој содржи 42 активности, средби на највисоко ниво, обуки за специјалните сили, обука за НАТО стандардизација, заеднички обуки на полигонот „Криволак“, курсеви во образовните центри во двете земји и јазична обука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…

Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…