Македонија и Грција изградија интензивна сојузничка соработка во одбраната
Македонија и Грција изградија интензивна сојузничка соработка во одбраната, посочиле на денешната средба во Скопје министерката за одбрана Славјанка Петровска и новата грчка амбасадорка во земјава, Софија Филипиду.
На средбата, како што е наведено во соопштението од Министерството за одбрана, била потенцирана сеопфатноста на одбранбената соработка меѓу двете земји, која особено доби на интензитет по потпишувањето Договорот за соработка во 2019 година.
–Одбранбената соработка меѓу Македонија и Грција ја отсликува нашата заедничка, сојузничка определба за мирен, безбеден и стабилен регион и безбедна евроатлантска област, било речено на средбата.
Министерката Петровска ја потенцирала важноста на единството на сојузниците во осудата на руската агресија врз Украина и нивната одлучност во гаранцијата на безбедноста на земјите членки.
Амбасадорката Филипиду порачала дека Грција е посветена на развојот на одбранбената соработка со Македонија и потенцирала дека тоа е една од областите со највисок интензитет во севкупната билатерална соработка меѓу двете земји.
На средбата, како што се наведува во соопштението, било изразено задоволство од високиот степен на реализација на овогодинешниот План за билатерална соработка кој содржи 42 активности, средби на највисоко ниво, обуки за специјалните сили, обука за НАТО стандардизација, заеднички обуки на полигонот „Криволак“, курсеви во образовните центри во двете земји и јазична обука
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…