Македонија одбележува пет години членство во НАТО
Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Земјава влезе во Алијансата како 30-та членка. Овој историски момент беше реализација на една од клучните стратешки цели на државата, која беше зацртана уште во 1993 година во Резолуцијата усвоена од Собранието, која ги дефинираше надворешно-политичките приоритети на Македонија – членството во НАТО и во Европската Унија.
На Самитот во Букурешт во 2008 година, земјава доби условна покана за членство, со услов решавање на спорот за името со Грција кој, пак, беше премостен со Преспанскиот договор во 2018 година и го отвори патот за завршување на процесот на интеграција.
На 6 февруари 2019 година беше потпишан Пристапниот протокол, а по завршување на процесот на ратификација, на 27 март во 2020 година, Македонија и официјално стана полноправна членка на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…