Македонија придонесува за европската и регионалната стабилност, заклучиле Ковачевски и Пич
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, придружуван од амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон.
На состанокот е разговарано за актуелни прашања во регионален и глобален контекст, во насока на стабилноста и мирот во Европа и во светот.
Во таа насока, поздравени се одлуките на Владата што го овозможија почетокот на преговорите и напредокот во евроинтегративниот процес како стратешка цел на Македонија, а од важност за стабилноста и безбедноста и на регионот и на Европската Унија.
Нагласена е потребата за фокус на сите политички субјекти во земјава кон политиките на решенија, наместо политиките на блокади и продуцирање недоразбирања, посебно со земање предвид на актуелниот глобален безбедносен политички контекст.
Притоа, оценета е како значајна поставеноста на надворешната политика на Македонија, на линија на политиките на државите од Европа, во однос на ситуацијата во Украина и придонесот на нашата држава, преку политиките на пријателство и дијалог, во регионалната стабилност.
Воедно се изразени честитки за потпишаниот договор ФРОНТЕКС, вчера во Скопје, на чист македонски јазик, со што се потврдени признавањето и почитта кон македонскиот јазик и македонскиот идентитет, од Европската Унија.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за сета поддршка од Обединетото Кралство, којашто е од исклучително значење во демократските, интеграциските, реформските и сите други процеси, значајни за граѓаните на нашата држава.
Обединетото Кралство, како што е соопштено, е голем стратешки партнер и пријател на Македонија и во таа насока продолжува да се унапредува соработката.
Оценета е како важна соработката помеѓу Македонија и Обединетото Кралство во рамки на членството во НАТО, со изразена определба за натамошно унапредување.
На средбата е разговарано и за предизвиците во енергетската област, како последица од војната во Украина и се разгледани можности за одржливи решенија на овој план, како во нашата држава, така и околу таквата потреба и на другите држави од Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…