Македонија се спротистави на Република Српска: Османи ги подржа санкциите на САД против Додик
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку порака на Твитер ги поддржа санкциите на САД против членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик.
– Ја поздравуваме одлуката на Министерството за финансии на САД во врска со континуираните закани за стабилноста и територијалниот интегритет на БиХ. Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и го осудува секој чин што ја поткопува нејзината стабилност и евроатлантската иднина, напиша Османи.
Вчера Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC), во согласност со Извршната уредба 14033, воведе економски санкции за Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ поради како што е наведено поткопување на стабилноста на БиХ, корупција и загрозување на мировниот договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…