Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина сѐ додека тоа е потребно

t

Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека тоа е потребно, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски кој сподели фоторграфии од средбата со украинскиот претседател Зеленски во Атина.

-Денеска на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврдив поддршката која што Македонија и ја дава на Украина во напорите за одбрана на земјата и враќање на слободата и мирот, а со тоа и стабилноста во регионот.

Ова јасно го манифестираме како на билатерална основа, така и како членка на НАТО, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина.

Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека тоа е потребно. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…