Македонската армија и полиција на протест пред владата: Ги предводи Гоце Делчев и Аднан Алити
Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку протест пред Владата побараа итно усогласување на платите со минималната за работниците во Министерствата за внатрешни работи и одбрана. Побараа и распоредување на припадниците на војската низ институциите откако ќе наполнат 45 години како што е предвидено со Законот за служба во АРМ.
Тие најавија дека доколку не се исполнуваат нивните барање, по две недели пред Владата ќе постават шатори.
Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев, истакна дека со овој протест пренесуваат дека оваа состојба веќе е неиздржлива во полицијата и очекуваат брз одговор и од премиерот и од вицепремиерот Фатмир Битиќ, министерот за внатрешни работи. Упати покана до Македонскиот полициски синдикат и Синдикатот на полицијата на Македонија да им се придружат на протести во наредниот период.
– Ова кршење на законот, овој начин на пресметка кој е во моментот е во МВР е начин со кој ние денеска излегувајќи на предупредувачки протест пренесуваме и до министерот за внатрешни работи, но и до премиерот дека треба да го застанеме овој начин на изразување на револт и протест, начин кој ќе видиме понатаму како ќе го усогласиме, рече Делчев.
Претседателот на независниот синдикат на професионалните војници, Аднан Алити истакна дека овој протест е предупредување до Владата и министерот за внатрешни работи да го одржат ветувањето од 2019 година за дел од припадниците согласно законот кои ги исполнуваат условите да бидат префрлени во Гранична полиција. Тој посочи дека не бараат ништо повеќе, туку само да се испочитува Уставот и законите во нашата држава.
– Срамота е во 21 век, демократска држава да ги остави Армијата и полицијата да излезат на улица. Дента кога ја соблековме цивилната облеа и ја облековме униформата и дадовме заклетва дека ќе се бориме за оваа држава, знаевме дека нема да бидеме како другите граѓани и оти за нас нема да има ниту сабота ниту недела, нема да има ниту Нова Година, Божиќ и Бајрам. Ние сме првите тие што секогаш сме на браникот на татковината, ние сме тие што ја чуваат границата, ние сме тие што секогаш сме тука кога има некоја елементарна непогода – поплави, пожари. Веќе неколку години, Независниот синдикат на професионални војници на Македонија континуирано во релација на Владата и Министерството за одбрана работи на решавање околу Законот за служба во АРМ член 40а каде што согласно законот е предвидено припадниците на Армијата после 45 години да бидат распоредени во други институции. Во 2018/2019 процесот почна добро, каде што дел се префрлија во затворска полиција, судска полиција, пожарна, и други институции. Но, две години нема скоро никакви активности за дел од припадниците, рече Алити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Ни трага ни глас од скандалот на…
И денеска може да подигнете лични карти,…
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…
(Видео) СКАНДАЛ: Братот на заменик МВР кој…
Заменикот на Панче Тошковски, Астрит Исени демантира…
Потпишани договорите на новите полициски службеници од…
Денеска (01.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче…