Македонскиот олимпиец доживеа тешка повреда во Пекинг, oди на итна операција
Македонскиот олимпиец Дардан Дехари доживеа тешка повреда на десното колено при лошо паѓање на денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри во Пекинг.
-По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран, информираат од МОК.
Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 февруари.
МОК му посакува на Дардан успешно опоравување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над милион патници се возеле со солунското…
Новата подземна железница во Солун, која се…
ДПИ ќе провери дали е постапено по…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
Потврдена пресудата против Трамп за сексуално злоставување,…
Федералниот апелационен суд во понеделник ја потврдил…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Скопјанец ја претепал сопругата
Вчера во 13 часот во СВР Скопје,…