Македонскиот јазик од февруари ќе се изучува на универзитетот во Тирана

t

Во рамки на соработката  меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ и  Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, наскоро ќе започне настава по македонски јазик.

Во рамки на соработката меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, наскоро ќе започне настава по македонски јазик на новоотворениот Лекторат по македонски јазик. Наставата ќе ја одржува новоизбраната лекторка д-р Славица Свидерска. Во тек се процеси на одредување на статусот на предметот Македонски јазик, а наставата ќе започне во февруари.

На иницијатива на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, проф. д-р Кристина Николовска, како промотивна афирмација на македонскиот јазик, Лекторатот, покрај редовната настава ќе овозможи и бесплатни онлајн часови по македонски јазик за почетно ниво за заинтересираните студенти од целиот Универзитет во Тирана.

Наскоро се планира и официјализирање на соработката и средба на претставници од двата универзитети во Тирана и официјално реактивирање на Лекторатот по македонски јазик во Тирана.

Меѓународен семинар за македонски јазик,

литература и култура при УКИМ во Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МД „Илинден”: Честитки до студентите по македонски…

Македонското друштво "Илинден"-Тирана упатува честитки до првата…

Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви…

Пред почетокот на главната туристичка сезона во…

По Призрен, Али Ахмети прогласен за почесен…

Советот на општина Тирана на денешната седница…

Зеленски денеска пристигнува во Тирана

Денеска во Тирана ќе се одржи Самит…

Антивладини протести во Тирана и порака до…

Обединетата опозиција во Албанија под мотото „Или…